Background

Еквадорскиот „бог на подземјето“, наркобосот Фито беше фатен од властите по повеќе од една година, се криел во дупка под мијалник во кујна

Еквадорскиот „бог на подземјето“, наркобосот Фито, со целосно име Хозе Адолфо Масијас, беше фатен од властите по повеќе од една година. Фито се криел во дупка под мијалник во кујна во објектот во неговиот роден град Манта, пренесува Мондо.

Наркобосот кој ги водеше озлогласените Лос Чонерос, криминална банда, избегал од затворот во кој имало максимална безбедност Акцијата за негово лишување од слобода траела 10 часа, пишува Си-Ен-Ен на еквадорски.

Еквадорската војска објави снимка од војник кој му вперил пиштол во главата на Фито додека тој се крие во дупката. Снимката може да се види на следниот линк.

- Advertisement -
Ad image

Неколку недели пред неговото апсење владата на Еквадор објави дека ќе ја зголеми наградата за неговото апсење на 1 милион долари.

Масијас има богато криминално досие, вклучувајќи обвиненија за убиство и организиран криминал, и беше осуден на 34 години затвор во 2011 година.

Властите сè уште не објасниле како избегал. Неговото исчезнување било откриено дури кога војската дошла да го земе за да биде префрлен во друг затвор и пронашла празна ќелија. По бегството била прогласена 60-дневна вонредна состојба.

Во овој период, маскирани вооружени лица упаднале во телевизиско студио за време на пренос во живо, тврдејќи дека имаат бомби.

Интерпол брзо издаде меѓународна потерница за Масијас, кој треба да се појави на суд во Њујорк по обвинение за меѓународна трговија со дрога и оружје. Наркобосот е обвинет за дистрибуција на кокаин низ целиот свет и шверц на оружје и муниција од САД во Еквадор, во соработка со мексикански картели.

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа потврди дека неговата влада веќе побарала екстрадиција на Масијас во САД и најави дека „ќе паднат повеќе познати водачи на банди“.

Масијас, кој имаше речиси култен статус кај дел од јавноста, беше познат по организирање забави со алкохол и борби со петли во затвор. Во 2023 година, тој објави видео обраќање до луѓето од затворот, опкружен со вооружени чувари. Минатата година, САД ги прогласија Лос Чонерос за една од најнасилните банди во светот, додека Еквадор ја означи групата за терористичка организација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation