Украинските сили во текот на ноќта и утринава извршија серија напади со дронови во неколку руски региони, пренесе Еуроњуз повикувајќи се на украински медиуми.
Голем број експлозии се регистрирани во Рјазанската и Ростовската област, јави УНИАН, повикувајќи се на извештаи од руски канали на Телеграм.
Како што е соопштено, руската воздушна одбрана дејствувала во областа на металуршкиот комбинат Новолипецк. Најмалку 7 експлозии се слушнале во градот Липецк.
Гувернерот на руската Рјазанската област соопшти дека руските сили за воздушна одбрана наводно уништиле дрон над Рјазан. Според првичните информации, нема повредени, а не се оштетени станбени згради и објекти од социјалната инфраструктура. Службите за итни случаи работат на местото на урнатините.