Background

Екс-претседателот на САД го одржа првиот говор откако не е на функција

„Трамп и неговите луѓе им пристапија на владините институции со идејата на Силиконската долина, ‘движете се брзо и скршете сè’. И тие кршат сè по ред. Прво пукаат, а потоа нишанат“.

Вака изјави поранешниот американскит претседател, 82-годишниот Џо Бајден, во неговиот прв јавен говор откако ја напушти Белата куќа. Пред присутните во Чикаго тој рече дека администацијата на Трамп го уништува системот на социјалната помош од кој зависат милиони Американци.

Трамп предвремено пензнионираше многу службеници во јавните институции што прави хаос во канцелариите за социјални услуги. Речиси 73 милиони Американци кои користат социјална помош се загрижени дека нема да ја добијат поради „ремонтот“ кој го најави Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Говорот на Бајден во Чикаго го следеа и адвокати и експерти кои работат на заштита на правата на лицата со посебни потреби. Американскиот екс-претседател рече дека во негово време сè функционирал поефикасно и поправедно истакнувајќи дека неговата админстрација го подобрила системот против измами во Управата за социјално осигурување и дека го скратила времето на чекање.

Бајден остана далеку од очите на јавноста откако ја напушти функцијата, беше виден во театар на Бродвеј и во ресторани во Делавер и во Џорџтаун.

Ззад сцената, тој остана политички активен: тој е во контакт со поранешни советници и високи функционери како Брус Рид, Стив Рикети, Џејк Саливан и Ентони Блинкен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation