Поранешниот француски претседател Никола Саркози во своето завршно обраќање пред судот изјави дека животот во затвор бил „тежок, многу тежок“, како што вели, исцрпувачки, додавајќи дека е решен да ја докаже својата невиност, пренесе „Гардијан“.
– Никогаш нема да признаам нешто што не сум го направил – рече Саркози, нагласувајќи дека ќе продолжи „да се бори за вистината да победи“, јави БФМ ТВ.
Тој се заблагодари на затворскиот персонал за поддршката додека ја издржувал казната.
Минатата година, највисокиот суд во Франција ја потврди одвоената пресуда за корупција и злоупотреба на влијание, поради која му беше ставена електронска алка. Таа мерка, прва од ваков вид за поранешен француски лидер, веќе е укината, соопшти Ројтерс.
Меѓутоа, јавниот обвинител сега се залага Саркози да биде ослободен и да му се изрече судски надзор со забрана за контакт со останатите обвинети во случајот „Либија“, објавија Ле Фигаро и БФМ ТВ.
Ако судот ја прифати препораката, Саркози би можел да излезе на слобода уште денес, 10 ноември, со оглед на тоа што утре Франција го одбележува државниот празник Ден на примирјето од Првата светска војна, кога институциите не работат.
Притоа, судиите го испитувале и неговото професионално ангажирање и патувања, што може да биде дел од судската одлука за условна слобода.
Tagged as:
ама под надзор? Екс-лидерот ќе излезе од зад решетки
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖