Background

Две лица загинаа, а 39 се повредени, од кои неко потешко, откако трамвај излета од шините и удри во зграда во Милано попладнево

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Две лица загинаа, а 39 се повредени, од кои неко потешко, откако трамвај излета од шините и удри во зграда во Милано попладнево.

- Advertisement -
Ad image

Трамвајот од најновата генерација на линијата 9 се движел по авенијата Виторио Венето, доаѓајќи од правец на Пјаца дела Република кон Пјаца Обердан, кога излетал од шините и се забил во зграда. Загинаа две лица – маж роден во 1966 година и друг бездомник кој сè уште не е идентификуван. Повредени се 39 луѓе повредени, од кои некои се префрлени во болниците во градот.

На местото на настанот се бројни амбулантни возила, пожарникари и градска полиција, градоначалникот Бепи Сала и обвинителката Марсела Виола.

Меѓу првите хипотези што ги разгледуваат истражителите, додека работат на реконструкција на околностите на излетувањето на трамвајот е ненадејната слабост на возачот.

Оваа верзија е поткрепена и од фактот дека возилото ја поминало последната станица пред раскрсницата со голема брзина, точно на местото на свртување кон улицата Виа Лазарето. Шините биле во „затворени“ за продолжување право, односни, биле поставени во позиција на свртување кон улицата Виа Лазарето.

 

Проверките на истражителите сега се фокусирани на системот за свртување, кој возачите го активираат со притискање на копче неколку стотици метри порано.

Теоретски, возачот требало да го активира системот со помош на копче во кабината за повторно да ги отвори шините и да овозможи продолжување на движењето право по авенијата Виторио Венето.

 

 

На тој дел од трасата, шините се наоѓаат во заштитена зона, ограничена од едната страна со тротоарот, а од другата со зелени површини.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation