Две лица го загубија животот во Франција откако силна бура ја погоди земјата синоќа, по период на интензивна топлинска преса, јавуваат француските медиуми.
Една од жртвите е 12-годишно дете кое настрадало во регионот Тарн-ет-Гарон, на југот од земјата. Детето било погодено од дрво што се урнало додека со семејството се обидувало да се евакуира од зоната зафатена од невремето.
Во друг случај, на северозападот на Франција, возач загинал кога удрил во стебло што го блокирало патот откако било срушено од силниот ветер.
Ветерот дуваше со брзина до 120 километри на час, а француските власти издадоа аларм за опасни временски услови во 57 региони.
Премиерот Франсоа Бајру упати апел до населението во засегнатите области да бидат крајно претпазливи.
Силниот дожд предизвика и поплавување во зградата на Националното собрание, токму додека се одвивала парламентарна седница.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
