Дванаесет лица се повредени во инцидент со пукање во паб во Торонто, соопшти полицијата.
Како што е наведено, осомничениот е во бегство.
Полицијата истражува пукање што се случило синоќа во пабот „Скарборо“, јави Си-Би-Ес њуз.
Повредените лица се пренесени во болница, но засега нема информации за нивниот пол и возраст.
Портпаролот на градот Торонто рече дека меѓу повредените има и со полесни и со критични повреди.
Полицијата соопшти дека осомничениот бил облечен во црн дуксер со качулка и бил виден како бега со сребрен автомобил. Не се соопштуваат други детали за осомничениот.