Двајца возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во Штип и Берово поради управување возила под дејство на алкохол, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Едниот од нив имал дури 3,16 промили алкохол во крвта кога удрил во паркирано возило, а другиот бил затекнат на мопед со над 2 промили алкохол.
Според полицијата, околу 23:00 часот на улицата Маршал Тито во Штип, 32-годишниот Х.П. со возило „фиат“ со штипски регистарски таблички удрил во паркирано „рено“, сопственост на 63-годишниот В.Н. од Штип. При полициска интервенција било утврдено дека Х.П. бил во тешка алкохолизирана состојба – тестот покажал 3,16 промили алкохол.
Неколку часа претходно, во 19:54 часот, на улицата Страшо Пинџур во Берово, бил сопрен мопед управуван од 39-годишниот В.П. од Пехчево. И тој бил позитивен на алкотест, со 2,18 промили алкохол во крвта, по што бил веднаш исклучен од сообраќај и приведен.
По целосно документирање на двата инцидента, против Х.П. и В.П. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
