Двајца Срби парично казнети и протерани од Македонија

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба меѓу обвинителството и одбраната на двајца државјани на Србија, кои беа обвинети за криумчарење голема количина цигари.

Според истрагата, на 1 октомври осомничените преку граничниот премин Блаце влегле во Македонија со товарно возило, избегнувајќи ја царинската контрола. Во приколката биле направени импровизирани бункери во кои биле скриени 2.300 штеки цигари со косовски бандероли – стока вредна околу 3,22 милиони денари.

Камионот бил сопственост на правно лице од Србија. Цигарите биле откриени во Скопје, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, каде што полицијата го забележала возилото додека таму се товарале и цигари со македонски бандероли.

По приведувањето и признанието на вината, обвинетите склучиле спогодба со обвинителството. Судот ја прифатил и им изрекол парична казна од по 4.000 евра, која мора веднаш да ја платат, како и забрана за влез во земјата во траење од пет години.

Од нив се одземени сите криумчарени цигари, товарното возило со приколка, 1.300 евра во готово и два мобилни телефони, користени при извршувањето на делото.

Share This Article