Топ Вести - Слушај сега
Здружение на судиите информира (ЗРСМ) дека до Уставниот суд на РСМ поднело дополнување на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите, со кое бара „поништување/укинување на неуставно донесените незаконски измени на Законот, со кои платите на судиите остануваат замрзнати“.
Судиите нагласуваат дека дополнителен проблем создаваат и ниските плати, одливот на кадар на судската администрација и неисплаќањето на додатоците, од што директни последици трпат странките во постапките, односно граѓаните.
„Поради тоа, децидни сме на ставот дека доколку продолжи „уривањето“ на судскиот систем, ако ваквите неуставни измени на законот опстојат и доколку судската администрација се остави на маргините и се продолжи да се деградира, судиите ќе изнајдат друга форма на покажување незадоволство и видлив протест, а ја поддржуваме и судската администрација на нови, законити чекори, за изразување на незадоволството за кое нешто изминатиот период е добиена поддршка од повеќето подружници на ЗСРСМ“, соопшти Здружението.Дополнувањето на Иницијативата пред Уставниот суд, како што се посочува во соопштението, ги опфаќа последните измени на Законот донесени на 25 февруари, годинава.
„Сметаме дека ваквиот пристап на пратениците од Собранието, кои ги изгласаа овие измени на законот во брза, неуставна и, за жал, само популистичка постапка, ќе има далекусежни последици во врска со (не)владение на правото, бидејќи е во спротивност со член 32 од Уставот на РСМ, а дополнително директно го нарушува и достоинството на судиската функција. Пратениците со мандат од 4 години мора да престанат со креирање, менување и укинување на закони кои имаат цел само да купат социјален и политички мир. Наместо да носат штетни и неуставни закони, кои генерираат правна несигурност, и наместо да се водат само од потребата за зголемување на политичкиот рејтинг, потребно е пратениците да ја согледаат реалната потреба за независно и непристрасно судство, кој ќе биде гарант за владеење на правото и доследна борба со организираниот криминал и корупција, како предуслов за европски напредок на земјата“, се вели во соопштението од Здружение на судиите.
Судиите посочуваат дека во Македонија „владее општо незадоволство, пред сè, од политичките структури во земјата, но и од судскиот систем, образованието и од здравството, но најповеќе владее незадоволството од економската состојба во државата и куповната моќ на граѓаните“.
„Појдовна точка и излезна врата од сите напластени проблеми, како во секое демократско општество така и кај нас, треба да биде владеењето на правото и почитување на уставно загарантираните права на граѓаните. Затоа и пред гласањето на спорниот закон, апелиравме до пратениците: Не го кршете Уставот, не ги повторувајте грешките на претходните собраниски состави, не купувајте социјален мир со намалување на платите на една мала група на граѓани, напротив зголемете ги платите на сите“, соопшти Здружението на судиите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
