Донесена одлука за прифаќање на донација на половно противпожарно возило за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На последната седница советот на општина Дебрца донесе одлука за прифаќање на донација на половно противпожарно возило за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија.

Оваа Одлука следува по средбата, која во месец Мај Градоначалникот Зоран Ногачески заедно со претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски  остварија со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија,а на која присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид,со командирот Борко Јанкулоски.

На средбата беше потенцирана и потребата од активно функционирање на волонтерска служба за противпожарна заштита, односно доброволно противпожарно друштво во општина Дебрца,практика која е многу успешно применета во областа на противпожарната заштита во развиените држави.

Од страна на гостите тогаш беше потенцирано дека за да може општината да користи помош во делот на противпожарната заштита од Австрија треба да исполни неколку услови и тоа-да се основа доброволно противпожарно друштво,да обезбеди просторни услови за противпожарните возила и волонтери-пожарникари.

Во изминатиот период формирано е Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца”,пополнето е со волонтери,кои допрва ќе бидат опремени и обучени и обезбедени се за почеток изнајмени просторни услови за чување на противпожарното возило.

По исполнувањето на овие услови од страна на претставниците на тиролската противпожарна бригада сме известени дека е одобрена донација на противпожарно возило за општина Дебрца,а кое потоа ќе биде ставено на користење на доброволното противпожарно друштво.

Возилото треба да пристигне во средината на месец Септември.

Градоначалникот Зоран Ногачески изразува посебна благодарност до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот несебичен ангажман е најзаслужен за реализација на оваа донација,со што се создаваат почетни услови за остварување на противпожарната заштита во општина Дебрца на поорганизирано ниво,нешто што сите овие години наназад беше основна заложба на локалната самоуправа и воопшто на граѓаните на Дебрца.

- Advertisement -
Ad image

Се надеваме дека со поддршка на ТППЕ Охрид,ДПД “Ентузијаст Охрид” и локалната самоуправа успешно ќе функционира и ДПД “Ентузијаст Дебрца”.

Градоначалникот на Општина Дебрца,инсистира на оваа активност да не се дава политичко-партиска конотација,од која однапред се оградува,бидејќи се работи за активност која претставува општо добро и интерес на сите граѓани на Дебрца.

Share This Article