Background

Доктор Шаини проговори по нападот

Доктор Зекерија Шаини, кој вчера беше застрелан во фреквентен дел од Куманово, е пуштен од болница и се наоѓа на домашно лекување.

По нападот, кој ја потресе јавноста, Шаини бил хоспитализиран на одделот за Пластична хирургија во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. По успешната интервенција, лекарите потврдиле дека тој е во стабилна состојба и може да продолжи со закрепнување дома.

Во изјава за Алмакос, докторот првпат проговори за настанот, нарекувајќи го „кукавички обид за убиство“ извршен од маскирани лица. Тој нагласи дека нема непријателство со никого и побара случајот да не се политизира.

- Advertisement -
Ad image

– Вчера бев нападнат на кукавички начин од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам непријателство со никого, ниту пак сум ја допрел нечија чест или семејство – за тоа ми е сведок само Бог. Сме во изборна кампања, но не сакам оваа случка да добие политичка конотација. Немам политичко непријателство со никого. Ги молам органите на редот да го расветлат случајот што е можно побрзо – изјави доктор Шаини.

Од Министерството за здравство вчера соопштија дека со вознемиреност ја примиле веста за нападот врз нивниот колега, додека директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, потврди дека пациентот е во добра општа состојба и дека раните се успешно санирани.

Полицијата во меѓувреме ја лиши од слобода 43-годишната А.А. од Тетово, која се сомничи дека е поврзана со обидот за убиство на својот сопруг – докторот Шаини. Се трага и по Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој е осомничен дека директно учествувал во нападот и сè уште е во бегство.

По целосното документирање на случајот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation