Соединетите Американски Држави очекуваат значителен напредок во преговорите за Украина оваа недела и се надеваат дека ќе биде постигнат договор за ретките метали, изјави денеска пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф.
Тој изјави за „Фокс њуз“ дека на состаноците оваа недела ќе се разговара и за размена на разузнавачки податоци на САД со Украина, додавајќи дека САД „никогаш“ не престанале да споделуваат разузнавачки информации за тоа што му е потребно на Киев за одбрана.
Американските официјални претставници утре во Саудиска Арабија ќе разговараат со делегација на Украина за ретките минерали и ситуацијата во таа земја.
Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER