Српскиот парламент соопшти дека од „безбедносни причини“ зградите на Народното собрание ќе бидат затворени од денеска до понеделник за најавениот собир во сабота на 15 март во Белград, пред зградата на Народното собрание, да продолжи без инциденти, објавија утринава медиумите.
Српскиот парламент соопшти дека, врз основа на безбедносната проценка на МВР, а со цел да се избегне каков било простор за потенцијални провокации и конфликти, генералниот секретар на Парламентот одлучил Домот на народното собрание, Плоштадот на Никола Пашиќ 13 и зградата на Народното собрание, Улица Крал Милан 14, да бидат затворени од денеска до полноќ на 16 март.
„Оваа одлука е донесена исклучиво од безбедносни причини за да можеме да сториме сè што е во наша моќ најавениот собир на 15 март во Белград, пред Народното собрание, да се одвива без никакви инциденти“, се наведува во одлуката, која е испратена до пратениците и до вработените во Собранието.