До крајот на месецов ќе биде исплатен повратот на ДДВ на граѓаните кои скенираат фискални сметки за периодот јули- септември

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До крајот на месецов ќе биде исплатен повратот на ДДВ на граѓаните кои скенираат фискални сметки за периодот јули- септември, информира Министерството за финансии.

Оттаму појаснуваат дека системот за поврат функционира редовно, а доцнење најчесто се случува поради неточни или неажурирани податоци за трансакциската сметка во Управата за јавни приходи.

Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот. За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок до кога треба да се изврши исплатата е до 30 ноември 2025 година.

Од воведување до сега, пракса беше повратот за изминатото тримесечје да им легне на сметките од 10 до 15 ти.

„Мој ДДВ“ беше воведен во 2019 година а максималниот износ кој можеше да се добие од скенирање фискални изнесуваше 1.800 денари. Потоа прагот се зголеми на  2.100 денари.

Share This Article