Директорот Кузмановски 7 месеци немал дозвола за работа, но побарал нова

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лекарската комора на Македонија во моментот не може да му ја одземе лиценцата за работа на разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, бидејќи тој воопшто нема активна лиценца, потврдија за Плусинфо од институцијата.

Од Комората објаснуваат дека лиценцата на Кузмановски истекла уште на 15 март годинава, а тој дури минатата недела поднел барање за нејзино продолжување. Засега, постапката за обновување е во тек, а неговото име не се наоѓа на официјалниот список на активни лекари објавен на веб-страницата на Комората.

– Доктор д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година. Тој има поднесено барање за нејзино продолжување, а Комората ги разгледува сите аспекти поврзани со последните случувања. Се прибира документација и информации од надлежните институции, по што јавноста ќе биде информирана за мерките што ќе се преземат – велат од Лекарската комора за Плусинфо.

Според правилникот на Комората, лекар кој ја пропуштил законската обврска за обновување на лиценцата повторно може да се стекне со право на работа само по дополнителна обука и полагање стручна проверка пред комисија.
Лиценцата важи седум години, а барањето за продолжување мора да се поднесе најмалку 30 дена пред истекот, што значи дека Кузмановски требало тоа да го направи уште на 15 февруари.

Кузмановски беше разрешен во петокот, само два часа откако на социјалните мрежи се појави видео на кое зборува за купување „бело“, а на снимката се гледа како подготвува „линии“ од непозната супстанца.
Снимката предизвика лавина реакции, а Министерството за здравство веднаш реагираше со негово разрешување од функцијата директор на Клиниката за неврологија.

Викендов, во јавноста се појави и анонимно писмо со потпис „колеги од Клиниката за неврологија“, во кое наводно се изразува поддршка за Кузмановски. Сепак, авторите не се потпишале со име и презиме, а според извори на Плусинфо, утринава на Клиниката бил одржан состанок на кој било решено да се испрати ново, официјално соопштение како став на институцијата.

Д-р Кузмановски беше назначен за директор на 8 август 2025 година, на местото на Фатмир Меџити, кој претходно беше откриен дека истовремено бил и хонорарец во Министерството за здравство со месечен надомест од 1.000 евра, што предизвика нови полемики за злоупотреби во здравствениот систем.

Share This Article