Девет лица се борат за живот, по напад со нож во воз што се случи синоќа на железничката станица Хантингдон, во близина на Кембриџ, источна Англија

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Девет лица се борат за живот, по напад со нож во воз што се случи синоќа на железничката станица Хантингдон, во близина на Кембриџ, источна Англија. Двајца мажи кои го извршиле нападот се уапсени.

Британскиот премиер Кир Стармер веднаш се обрати на социјалните мрежи и нападот го нарече „ужасен инцидент“.

Полицијата соопшти дека истрагата ја врши со поддршка од Единицата за антитероризам. На местото на настанот интервенирале бројни вооружени единици, брза помош и тимови за опасни ситуации.

Мотивот за нападот сè уште не е познат.

Сведоци раскажуваат дека напаѓачот се движел низ возот и со ножот бодел патници, а потоа бил онеспособен со електрошокер. Повредените се пренесени во болница.

Возот бил запрен во Хантингдон, а сите линии на ЛНЕР, која управува со железничките линии по источниот брег на Велика Британија биле блокирани поради инцидентот.

Полицијата ги повика граѓаните да ги следат упатствата и да избегнуваат движење во близина на местото на настанот.

Железничката станица Хантингдон е затворена.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Полицијата, исто така, соопшти дека е активиран „Плато“ – националниот код што го користат полицијата и службите за  итни случаи при реагирање на потенцијален „терористички напад во тек“.

– Спроведуваме итни проверки за да утврдиме што се случило и можеби ќе помине некое време пред да можеме да потврдиме повеќе информации. Во оваа рана фаза, би било несоодветно да се шпекулира за причините за инцидентот – рече главниот началник Крис Кејси од Британската железничка полиција.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата на округот Кембриџ соопшти дека вооружени полицајци биле испратени на местото на настанот откако добиле повик за инцидент на станицата Хантингдон во 19:39 часот.

– Вооружени полицајци пристигнаа, а возот беше запрен на станицата Хантингдон, каде што беа уапсени двајца мажи – соопшти полицијата.

Еден сведок кој бил во возот рече дека видел лице како поминува низ вагонот и ги предупредува другите велејќи: „„Имаат нож, јас сум избоден“. Сведокот изјави дека човекот бил „целосно покриен со крв“ и дека кога возот застанал, тој лежел на подот.

Сведоци наведуваат дека повредените во нападот трчале низ возот, бегајќи од напаѓачот со нож.

Подоцна, според очевидец, вооружени полицајци биле видени како ги насочуваат своите пиштоли кон човек кој стоел на перонот со голем нож. Човекот потоа бил онеспособен со електрошок и совладан.

Еден сведок рекол дека видел помеѓу 6 и 8 ранети лица, додека друг проценил дека можеби имало до 12.

Полицијата соопшти дека нападот се случил во воз од Донкастер до Лондон Кингс Крос, во 18.25 часот, кратко откако возот на ЛНЕР ја напуштил станицата Питерборо.

Премиерот Кир Стармер рече дека инцидентот е „крајно загрижувачки“ и ја повика јавноста да ги следи полициските упатства.

– Ужасниот инцидент во возот во близина на Хантингдон е исклучително загрижувачки. Моите мисли се со сите погодени од овој настан и сум благодарен на службите за итни случаи за нивниот одговор. Секој во областа треба да го следи советот на полицијата – рече тој.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд изјави дека е „длабоко потресена“ од веста за нападите со нож.

– Ги повикувам членовите на јавноста да се воздржат од коментари и шпекулации во оваа рана фаза од истрагата – додаде таа.

Компанијата ЛНЕР, која управува со линијата долж источниот брег на Обединетото Кралство, потврди дека инцидентот се случил во еден од нивните возови и ги повика патниците да не патуваат поради „големи прекини во сообраќајот“. Компанијата додаде дека прекини во сообраќајот во областа се очекуваат до понеделник.

Share This Article