Десетици илјади граѓани се собраа на антивладини протести низ Словачка, барајќи оставка од премиерот Роберт Фицо.
Серијата протести со наслов „Словачка е Европа“ ја организираше граѓанската иницијатива „Мир за Украина“, а словачката дијаспора организираше протестни собири во Полска, Германија, Чешка и во Ирска.
Според словачкиот претседател Петр Пелегрини, ситуацијата е сериозна, додека Фицо изјави дека тоа е обид за државен удар и „структура“ која сака да го наруши уставниот поредок.
Премиерот Фицо вчера откри дека тамошната разузнавачка служба го предупредила дека опозицијата има план да го собори со државен удар во стилот на „Мајдан“ и вети дека ќе преземе мерки за да се спречи тоа.
Словачката опозиција во вторникот го обвини премиерот дека ја поставува основата за излез на земјата од Европската Унија.