Демократка од Флорида обвинета за перење пари, може да добие 53 години затвор

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската конгресменка од Флорида, демократката Шила Шерфилус-Меккормик, се соочува со тешки обвиненија за кражба и перење пари од федералната Агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), кои наводно завршиле во нејзината изборна кампања во 2021 година, објави Би-Би-Си.

Според истрагата, 46-годишната конгресменка, заедно со својот брат Едвин Шерфилус, преку семејната здравствена компанија „Тринити хелткеар сервисес“ земале дел од средствата што ФЕМА ги исплатила за регистрација на граѓани за Ковид-вакцини. Министерството за правда тврди дека компанијата добила преплата од пет милиони долари во јули 2021 година, по што започнало префрлање на пари преку повеќе сметки, со намера да се прикрие нивното потекло.

Обвинителите наведуваат дека дел од средствата биле насочени кон пријатели и роднини на конгресменката, кои потоа ги донирале назад во нејзината кампања како лични донации.

Главната обвинителка Пам Бонди случајот го опиша како „особено себично и цинично злосторство“, додавајќи дека „никој не е над законот, најмалку пак влијателните луѓе кои ги ограбуваат даночните обврзници за лична корист“.

Шерфилус-Меккормик во писмена изјава негира каква било вина и вели дека обвиненијата се политички мотивирани.

– Не сум сторила ништо погрешно и ќе го исчистам моето име – порача таа.

Конгресменката е под истрага на Комитетот за етика на Претставничкиот дом и можно е да биде исклучена од Конгресот. Доколку биде прогласена за виновна, ѝ се заканува казна затвор до 53 години.

Share This Article