Background

Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра

Деловниот центар „Соравија“ во строгиот центар на Скопје е ставен на продажба од страна на извршител, по барање на доверител за спроведување на извршување во износ од над 930 илјади евра, објави Фокус. Овој објект беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува – „Соравиа Инвест“.

Извршителот Андреја Буневски, кон крајот на март, донел заклучок за усна јавна продажба на недвижниот имот во рамките на деловниот комплекс „Соравија“. Оваа одлука е донесена врз основа на барањето за спроведување на извршување во вредност од 930.425 евра, поднесено од доверителот „Прва Инвестициона Банка“ од Софија, Бугарија. Извршувањето е засновано на извршна исправа – Солемнизација на договор за залог од 2 септември 2022 година против должникот „Соравиа Инвест“.

Според заклучокот што го пренесува „Фокус“, продажбата на недвижниот имот ќе се одржи за околу дваесетина дена, односно на 24 април. Почетната вредност на објектот, утврдена со заклучок на извршителот Буневски, изнесува 1.377.978.526 денари или приближно 22,4 милиони евра. На првото јавно наддавање, објектот не може да се продаде под оваа цена.

- Advertisement -
Ad image

За учество на јавното наддавање, заинтересираните страни мора претходно да положат гаранција во висина од една десетина од проценетата вредност на објектот, што изнесува 137.797.853 денари или околу 2,23 милиони евра. Најповолниот понудувач ќе биде должен да ја уплати сумата во рок од 15 дена, а доколку тоа не се случи, ќе се закаже ново наддавање.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation