Кон средината на април, светот беше изненаден од веста дека најхармоничниот спортски пар – Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер – се разведуваат.
Иако тие јавно не се огласија по повод овие наводи, шпекулациите и приказните кружат на социјалните мрежи и по порталите веќе извесно време. И додека некои тврдат дека се разведуваат поради стресниот живот, други велат дека Бастијан има друга љубов.
Како и да е, сè уште го немаме официјалниот епилог од оваа драма, а во меѓувреме, можеме само одблиску да ги следиме нивните објави на социјалните мрежи.
Во врска со ова, познатата поранешна српска тенисерка Ана Ивановиќ не престанува да објавува фотографии на социјалните мрежи, а неодамна му го покажа на светот своето најатрактивно издание досега.
Ана позирала пред огледалото, облечена во провокативен фустан. Длабокото деколте исто така било забележливо, а тука била и светлата насмевка што им ја наменила на своите лојални обожаватели.
Што се однесува до остатокот од стајлингот, таа додала златни додатоци и малку ја навиткала косата. Ана се одлучи за минимална количина шминка, со цел да ја истакне својата природна убавина – и успеала во таа намера!
„Допир на вечерна елеганција, секогаш вистинскиот избор“, напишала таа на англиски јазик под објавата.