Во говорот на отворањето на данскиот парламент (Фолкетинг) во вторник, Мете Фредериксен рече: „Ослободивме чудовиште“. Таа додаде: „Никогаш порано толку многу деца и млади луѓе не страдале од анксиозност и депресија“.
„Тие гледаат работи што ниедно дете не треба да ги види“
Данската премиерка Мете Фредериксен објави дека земјата ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на лицата под 15 години, обвинувајќи ги мобилните телефони и социјалните медиуми дека „го крадат детството на нашите деца“.
Во говорот на отворањето на данскиот парламент (Фолкетинг) во вторник, Мете Фредериксен рече: „Ослободивме чудовиште“. Таа додаде: „Никогаш порано толку многу деца и млади луѓе не страдале од анксиозност и депресија“.
Премиерката, исто така, истакна дека многу деца имаат тешкотии со читањето и концентрирањето, додавајќи: „Тие гледаат работи на екраните што ниедно дете или млад човек не треба да ги види“.
Забрана на неколку платформи?
Таа не прецизираше кои социјални мрежи ќе бидат опфатени со новите мерки, но рече дека тие ќе се однесуваат на „неколку“ платформи. Предвидено е родителите да мора да дадат дозвола нивните деца да ги користат социјалните мрежи од 13-годишна возраст.
Тие се надеваат дека забраната би можела да стапи на сила веќе следната година.