Даниела Лазарова Иротова е нов директор на Платежната агенција. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Лазарова Иротова е поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, а на функцијата директор е назначена минатата недела, на последната Владина седница.
– На последната Владина седница минатата недела е назначен нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на должност и ќе ги движи процесите во нормален тек за да не се појави паника или загриженост кај земјоделците, туку ќе продолжиме со тековно работење на Агенцијата – изјави вчера Трипуновски по посетата на Тутунскиот комбинат – Прилеп.
Како што истакна Трипуновски, средствата од ИПАРД 3 не се стопирани од Брисел, туку од нашите институции, за дополнително да се провери што се случувало во Платежната агенција.
– Проверките ги прави посебното тело во состав на Министерството за финансии. Колку ќе трае контролата не можам да кажам, но за многу скоро ќе се излезе со официјален податок. Повторувам, кога ние ја носиме одлуката за стопирање, ние ја носиме и одлуката за деблокирање на самиот процес – потенцира Трипуновски.
ИПАРД 3 програмата е проектирана на 128 милиони евра и треба да трае од 2021 до 2027 година. Лазарова Иротова доаѓа на местото на Илија Стоилев кој беше приведен поради земање мито.
Tagged as:
Даниела Лазарова Иротова е нов директор на Платежната агенција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
