Дали в понеделник може да падне договор за мир во Украина?

Lorita
By Lorita
7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека в понеделник, 18 август, ќе отпатува во Вашингтон, на состанок со претседателот на САД, Доналд Трамп.

„В понеделник ќе се сретнам со претседателот Трамп во Вашингтон, за да ги разгледаме сите детали околу запирањето на убивањата и завршувањето на војната. Благодарен сум за поканата“, соопшти Зеленски по подолгиот телефонски разговор со Трамп, во кој американскиот лидер го информирал за „главните точки“ од средбата со Владимир Путин на Аљаска.

Што точно најави Зеленски?

Киев потврди дека Вашингтонската средба треба да ги отвори патиштата за можен трилатерален формат – Украина–САД–Русија – за кој Зеленски вели дека е „погоден“ за разговор по клучните прашања. Украинската новинска агенција „Укринформ“ прецизира дека датумот е 18 август и дека предлогот за трипартитна средба доаѓа по самитот Трамп–Путин во Анкориџ.

Во регионалните медиуми оваа најава стигна како прва реакција од Киев по „аљаскиот“ самит. Според извештаите, Зеленски најавил дека „деталите ќе ги разгледа“ токму со Трамп во Белата куќа.

Самитот на Аљаска остана без договор

Самитот Трамп–Путин во базата Елмендорф–Ричардсон во Анкориџ заврши без прекин на огнот или напредок. Иако двајцата лидери зборуваа за „напредок“, недостасуваа конкретни мерки за запирање на руската агресија.

„Нема договор додека не постои договор“, кажа Трамп по средбата, најавувајќи продолжување на разговорите со сојузниците и со Зеленски.

Во меѓувреме, руските напади продолжија: украинските власти соопштија за балистички ракетен удар и повеќе од 80 дронови во ноќта по самитот.

Трамп, пак, на „Трут Соушл“ порача дека „најдобар начин“ да се стави крај на војната е да се оди „директно кон мировен договор, а не кон привремен прекин на огнот“, ставајќи јавно тежина на конечна политичка нагодба наместо на привремена пауза.

Фото: Принтскрин

Киев под притисок

Во интервју за „Фокс њуз“ и во изјави пренесени од „Ројтерс“, Трамп порача дека „Зеленски мора да постигне договор“ и дека „Русија е многу голема сила, а тие не се“, оценка што во Киев и во европските престолнини беше примена со воздржани реакции. Истовремено, Трамп рече дека со Путин „во голема мерка“ се усогласиле околу можни точки за безбедносни гаранции и за потенцијални територијални аранжмани – без детали што би покажале како тоа би изгледало во пракса.

- Advertisement -
Ad image

Од руската страна, Путин порача: „Подготвени сме да работиме на ова… би сакал да се надевам дека разбирањето до кое стигнавме ќе нè приближи кон таа цел и ќе го отвори патот кон мир во Украина“ – повторувајќи ги долгогодишните позиции на Москва, без обврска за прекин на огнот.

Европа се вклучи – без илузии

По самит во Енкориџ, повеќе европски лидери објавија заедничка изјава: поддршка за напорите на САД да се запре војната, но и јасна линија дека „Украина мора да има железни безбедносни гаранции“, дека „меѓународните граници не смеат да се менуваат со сила“ и дека за украинската територија „одлучува Украина“.

Во Британија, премиерот Кир Стармер говореше за „приближување до мир“, но со недвосмислено инсистирање Киев да не биде заобиколен во било какви преговори. И претходно, Лондон, Париз и Берлин бараа сигурносни гаранции како дел од евентуален договор – тема која, според европски извори, Трамп бил подготвен да ја разгледа.

- Advertisement -
Ad image

Зошто e клучна средбата во Вашингтон?

Влезот на Зеленски во Овалната соба доаѓа по средба од која руската страна доби силни симболики – „црвен тепих“ на американско тло – но без реални отстапки. Во тој вакуум, разговорот Трамп–Зеленски ќе покаже дали Вашингтон навистина е подготвен да се вклучи во модел на сигурносни гаранции што Киев би ги прифатил, а Москва не би ги читалс како замена за НАТО.

Исто така, ќе се види дали идејата за трилатерална средба ќе добие реални контури. Јури Ушаков, советник на Кремљ, веќе испрати сигнал дека такво трилатерално сценарио „не било дискутирано“, што упатува дека Москва сака да го задржи ритамот и рамката на процесот.

Опции на маса и ризици

Политичките опции што се провлекуваат во јавните пораки – безбедносни гаранции, можни територијални аранжмани, па и „директен“ мировен договор – се крајно чувствителни за Кирв. Безбедносните гаранции би морале да бидат доволно „железни“ за да ја одвратат Русија од нова инвазија; секое спомнување на територијални разменувања за Украина е црвена линија.

Линијата „мир наместо прекин на огнот“ носи и практичен ризик: додека се кова „големиот договор“, борбите продолжуваат – а Москва, како што предупредуваат аналитичари, ја користи секоја пауза за да „купи време“ на фронтот.

Share This Article