Background

Дали групата целосно го прифати планот на Трамп?

Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Махмуд Мардави, денеска ги негираше медиумските извештаи дека групата наводно се согласила да го положи оружјето, како што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Газа.

„Махмуд Мардави ги негираше лажните тврдења на телевизијата Ал Хадат и голем број други медиуми во врска со напредокот на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и ставот на движењето по прашањето за предавање на оружјето“, се наведува во соопштението на Хамас, објавено на каналот Телеграм, пренесуваат руските медиуми

Мардави додава дека „овие изјави немаат основа и имаат за цел да ја дискредитираат позицијата на Хамас и да ја измамат јавноста“.

- Advertisement -
Ad image

Претходно, саудиските телевизиски канали Ал Арабија и Ал Хадат, повикувајќи се на извори, објавија дека Хамас ги информирал САД дека прифаќа да го положи оружјето.

Хамас на 5 октомври објави дека се согласува да ги ослободи сите живи заложници, да ги врати телата на мртвите заложници и да ја предаде администрацијата на Газа на палестинско тело на независни технократи, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел е „на прагот на многу големо достигнување“.

Потоа се појавија информации дека олитичкото и военото крило на Хамас не постигнаа консензус за разоружувањето, што е дел од предлогот на Трамп за прекин на војната. Волстрит џурнал, повикувајќи се на арапски посредници во преговорите објави дека главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, и други политички претставници кои живеат надвор од Газа се подготвени да го прифатат предлогот за разоружување, „и покрај значајните резерви“.

Во исто време, лидерот на Хамас во Газа, Из ел-Дин Хадад, е отворен за предавање на офанзивното оружје на Хамас, како што се ракетите, но сака да го задржи „одбранбеното“ оружје на групата, како што се автоматските пушки.

Документот се состои од 20 точки, а во него, меѓу другото, се бара воспоставување привремена надворешна администрација во палестинската енклава и распоредување на меѓународни сили.

На 3 октомври, Хамас им го достави на медијаторите својот одговор на предлогот на Трамп, во кој изрази подготвеност да ги ослободи сите живи израелски заложници и да ги предаде телата на загинатите. Нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас ќе се одржи денеска во Египет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation