Во организација на ЈП „Охридски комуналец“, а со поддршка на Општина Охрид вчера на градскиот плоштад „Св. Колимент Охридски“ се одржа pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“!
Стотици деца и возрасни преку песна и игра учеа за селекција и правилно управување со отпад.
Вработени од ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид претставници од Црвен Крст, „Збогум Буково“, професори и ученици од охридските училишта зборуваа за суштината на проектот.
Овој настан е дел од кампањата „Чисто е убаво – селектирај“, нова платформа која ги обединува институциите, хотелите, угостителите, маркетите, училиштата и граѓаните во една заедничка цел – почист и поубав Охрид.
Настанот е финансиран од Шведска и реализиран од SALAR International.



























