Четири лица загинаа и најмалку 12 се повредени во пукање што се случило денеска во градот Лиланд во сојузната држава Мисисипи, соопштија локалните власти.
Градоначалникот на Лиланд, Џон Ли, за СИ-Би-Ес Њуз изјави дека пукањето се случило околу полноќ и оти четири повредени лица биле со хеликоптер пренесени во локални болници. Засега нема информации за нивната здравствена состојба. Истрагата е во тек.
Ли изјави дека пукањето се случило на главната улица. Во тоа време, во градот имало луѓе кои дошле да учествуваат во прослава по повод натпревар за враќање на поранешни ученици на средното училиште Лиланд.
Лиланд е мал град во округот Вашингтон, со околу 4.000 жители, според податоците од пописот на населението од 2020 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
