Чествување на големиот мајстор на расказот

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во охридското село Велгошти вечерва ќе се одржи културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, со која традиционално се одбележува годишнината од раѓањето на големиот писател и раскажувач.

Чествувањето ќе започне со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Чинго, по што ќе има обраќање градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Централниот дел од манифестацијата по правило е посветен на добитникот на годинашната награда за најдобар расказ што секоја година Општина Охрид ја доделува во чест на Живко Чинго.

Оваа година наградата ќе и биде врачена на Дијана Петрова, авторката на расказот „Мизенабим” што беше избран за најдобар на годинашниот конкурс што го носи името на Чинго.

Дијана Петрова е родена во 1992 година во Делчево и е професорка по македонски јазик и литература. Дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевност при филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, каде и го продолжува своето студирање на втор циклус студии.

Авторка е на три објавени книги-романот „Бдеењето над себе“, збирката раскази „Не правете им сенка на гробвите“ и на романот „Излегувањето од сенка – Тајното женско училиште“.

Таа е творец на многу есеи и раскази објавувани во неколку книжевни списанија (Современост, Литературен збор, Репер, Блесок, Окно,  Медуза, Млади македонисти, Премин).

Во 2023 година за нејзинот расказ „Рош хашана“ ја добива првата награда на конкурсот распишан од Фондот на холокаустот во Македонија. Петрова беше добитник на престижната награда за најдобар расказ  „Живко Чинго“  и минатата 2024 година за нејзиниот расказ „Јоанес Даубманус“.

Во рамки на манифестацацијата ќе биде промовирана и книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето до денес“.

- Advertisement -
Ad image

Инаку, Живко Чинго е роден на 13 август 1935 во селото Велгошти кај Охрид. Во родното село завршил основно училиште, а гимназија во Охрид. Во 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Извесно време работел како професор по книжевност во гимназијата во Охрид, а во Скопје работел во: „Студентски збор“, во „Млад борец“, во Радиотелевизија Скопје, во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на Драмата при Македонскиот народен театар. При крајот на животот работел како советник при Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ. Чинго се упокои на 11 август 1987 година.

Манифестацијата почнува во 20 часот во атарот на црквата „Света Петка“ во родното село на Чинго.

Share This Article