Бугарскиот министер Караџов со критики за Коридор 8

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов ги отфрла тврдењата на неговиот македонски колега Александар Николоски дека Бугарија не презема ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави на Коридорот 8.

– Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише? Додека Николоски го зборува ова, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а оттаму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека македонскиот – изјави Караџов во емисијата „Денот започнува“ (26.40 минута).

Караџов посочува дека Бугарија проектира 90% сосема нова линија помеѓу Радомир и Ѓуешево за да ги прошири кривините, овозможувајќи брзина на возовите од 160 километри на час.

– Во 2032 година, кога ќе достигнеме брзина на возот од 160 километри на час, ќе ги прашам од другата страна дали ќе има тунел или не – вели Караџов.

Тој оцени дека Николоски „раскажува македонски приказни за добра ноќ“.

Вицепремиерот Николоски во понеделникот оцени дека е „очигледно дека Бугарија не сака да ја гради пругата“, информирајќи дека имаат испратено над 15 дописи до Бугарија на кои што немаат одговор од бугарска страна за изградбата на пругата.

– Фер е да се видиме и да ни кажат. Со самото тоа што одбегнуваат да се сретнеме, тоа многу говори за судбината на проектот. На наша страна се делата, на нивна се зборовите – рече Николоски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Николоски потврди дека во Владата е пристигнат Предлог-договорот за заедничка изградба од бугарската страна, нагласувајќи дека веднаш е разгледан на седница на Влада и формирано е работно тело составено од министрите за транспорт и финансии и директорот на Железници и оти за него треба да се разговара.

Прашан дали има нешто спорно во тој договор, Николоски посочи дека има и оти затоа е потребно да седнат со бугарската страна и да разговараат.

- Advertisement -
Ad image

– Велиме, благодариме што ова ни го доставивте, иако претходно средби имаше, ама ги прекинаа. Еве работна група од наша страна, повисоко од ова нема. Формирајте работна група вие, каква сакате, да седнеме, за еден ден ќе ја завршиме работата. Ама имајќи предвид дека не седнуваме затоа што тие не сакаат да седнеме, тогаш не можеме да ја завршиме работата. Да повторам, ако бугарската страна сака да гради пруга, пруга ќе има и ќе се изгради. Што се дела, што се зборови? Зборови се вакви провокативни изјави од бугарска страна, а дела се дека Софија – Перник нема да се реконструира зашто парите ги тргнаа и ќе ги вложуваат во Софија – Бургас, а Македонија во моментов е единствена земја што гради железница на Коридорот 8 – рече Николоски.

Тој го повтори ставот дека Владата не сака да инвестира во пруга која завршува во тунел. Проблемот, наведе, е фактот дека Бугарија одлучила да не ја обновува пругата од Софија до Перник, односно од Перник до Ѓуешево во втората фаза.

Бугарската Влада на 15 јануари годинава и испрати на Република Северна Македонија  нацрт-договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел што ги поврзува двете земји. Како што соопшти тогаш бугарското Министерство за транспорт и врски (МТС), со потпишувањето на договорот ќе се договорат техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со изградбата на тунелот.  Бугарската страна,  стои во соопштението, е подготвена што поскоро да ги започне преговорите со Северна Македонија за предложените текстови, а потоа да продолжи со нивно потпишување.

- Advertisement -
Ad image

Според предлогот, двете држави ќе се договорат која ќе одговара за изградба на прекуграничниот објект, за јавни набавки и за надзор на изградбата и ќе вложат максимални напори да обезбедат грант-помош за изградба на тунелот и неговата соседна железничка инфраструктура, почитувајќи ги барањата на ЕУ и НАТО во однос на стандардите на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T).

За третиот дел од пругата кон Бугарија македонската и  бугарската страна досега одржаа две средби, една во Брисел на 16 октомври лани  кога се согласија  да одржат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот 8 и една во Софија на 31 октомври лани по која македонската страна објави дека се прифатени нејзините аргументи: да има заеднички проект за да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и да се ревидира цената и на самиот проект.

По три децении од почетокот на изградбата на 17 јануари годинава беше пуштен првиот дел од пругата кон Бугарија во должина од 31 километар. На вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, проектиран на 34 километри, според последните официјални податоци, изградени се 27,3 проценти, а рокот е 2026 година. 

Share This Article