Експлозија го потресе пристаништето во Лос Анџелес откако силен оган го зафати контејнерскиот брод „Уан Хенри Хадсон“, долг 336 метри и натоварен со опасни материјали. Повеќе од 100 пожарникари се бореа со огнената стихија што избувна под палубата и брзо се прошири на неколку нивоа на бродот.
Сите 23 членови на екипажот беа пронајдени и успеаја да се спасат без повреди, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес. Пожарот почнал под палубата, а причините сè уште се утврдуваат.
Околу 19 часот пламенијата се рашириле на повеќе делови од бродот, по што следела силна експлозија во средината на палубата, што дополнително ја влоши ситуацијата. Екипите за опасни материјали го следат квалитетот на воздухот додека трае гаснењето, потврди градоначалничката Карен Бас.
Бродот, кој бил управуван од сингапурската компанија „Уан Оушн Експрес“, пристигнал во Лос Анџелес по патувања низ јапонските пристаништа Кобе, Нагоја и Токио. Пристаништето во Лос Анџелес е едно од најпрометните во Северна Америка и пожарот предизвика сериозна тревога поради опасниот товар на бродот.
Tagged as:
Брод полн со опасни материјали се запали екипажот избегал од смрт
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
