Background

Брнабиќ тврди дека некој сака да создаде слика на хаос во Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека првата фаза на „обоената револуција“ во Србија е завршена, со цел да се предизвика омраза и длабока поделба во јавноста, и дека сега е актуелна втората фаза – „терор и насилство“, како подготовка за трета фаза.

Брнабиќ пред новинарите во Домот на Народното собрание оцени дека втората фаза се однесува на уништување, кршење и палење на просториите на политичките партии на неистомислениците, пред сè на Српската напредна странка (СНС), чиј член е и таа, како и на палење на државни и локални институции – обвинителства, судови и градски општини.

– Ако некој помислил дека станува збор за насилство заради насилство – не, не е. Тоа е втората фаза – терор и насилство, за да се создаде слика на целосен хаос, губење на контролата и целосна дестабилизација на нашата земја – изјави таа, пренесува Бета.

- Advertisement -
Ad image

Според претседателката на Парламентот, ова се прави за да се премине во „третата фаза на обоената револуција“, односно да се појават луѓе кои ќе „наметнат решение за наводно враќање на мирот и стабилноста“. Како пример, таа го спомна неформалниот документ на директорот на Форумот за етички односи, Душан Јањиќ, кој наводно бил испратен до меѓународната заедница за решавање на кризата во Србија.

– По вчерашниот ден, сосема е јасно дека она што го гледаме 9 месеци е школски пример за обид за обоена револуција и насилна смена на власта – оцени Брнабиќ.

Според неа, се создава впечаток дека за враќање на мирот и стабилноста во земја во која е создаден хаос е потребна интервенција на странски фактор.

– Туку се заокружува целата приказна, имате целосна окупација на земјата и одземање на секој суверенитет – смета Брнабиќ.

Таа наведе дека во споменатиот документ се предлага решение кое подразбира ставање под целосна контрола и надзор на претседателот на Србија, Народното собрание, безбедносните и разузнавачките структури, Советот за национална безбедност и Државниот центар за податоци.

Таа го отфрли овој документ, испраќајќи порака до, како што рече, „странците“, да не помислуваат да зборуваат за него или за сличен документ.

– Во Белград и Србија нема да има нов Мајдан, ќе се бориме со сите демократски средства, преку нашите институции, Собранието и ќе пружаме отпор на секое место – не со терор и насилство, зашто тие би сакале да видат граѓански судири и војна. Ќе се бориме зачувувајќи ги нашите институции и нашата земја. Нашиот одговор е не – изјави Брнабиќ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation