Топ Вести - Слушај сега
Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски е пуштен од притвор, објави Телма.
Како што неофицијално објави телевизијата, гаранцијата која што ја дал дека нема да бега е речиси 5 милиони евра во недвижен имот, и тоа куќа со двор во Битола и 3 стана во Битола, сопственост на „Марковски компани“. Како движен имот понудил возила – 25 булдожери и камиони, сопственост на „Марковски компани“.
Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање. Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот, а пасошот да му е привремено одземен.
Од обвинителството за Телма ја потврдиле информацијата и рекле дека дале приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет од битолскиот суд, бидејќи сметале дека Апелација треба да одлучува.
Во јануари годинава битолското обвинителство поднесе обвинение против сопственикот на Марковски компани Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
