Бојко Борисов им се заблагодари на европратениците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Ова е јасен знак дека кога Бугарија е обединета, кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно можеме да постигнеме резултати и да го браниме националниот интерес на највисоко ниво во Европа! Посебна благодарност до Андреј Ковачев и нашето семејство – Европската народна партија!“,

Вака изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на партија ГЕРБ Бојко Борисов за гласањето за Извештајот за Македонија во Европарламентот, јави агенцијата БГНЕС. Со гласањето Европарламентот ги отфрли сите текстови поврзни со „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот.

– Во последните недели одржав голем број разговори со европски лидери и претставници на водечки политички семејства во ЕУ. Јасно објаснив дека европските документи не треба да се користат за националистичка пропаганда, туку треба да им служат на вистината и добрососедството. Драго ми е што гласот на Бугарија беше слушнат – додаде Борисов.

Поранешниот бугарски премиер и актуелен влијателен политичар вели и дека покрај ситуацијата им подава рака на пријателите од Северна Македонија.

– Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија – да продолжиме заедно напред, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мене и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер.

Европарламентот усвои извештај за Македонија, во кој се избришани сите делови каде стои „македонски јазик“ и „македонски идентитет“.

Известувачот за Македонија од Европарламентот, Томас Вајц, за усвојувањето на извештајот пред пратениците изјави дека „за жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели“, пишува Вајц.

Share This Article