Белгија денеска е парализирана поради генерален штрајк

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во организација на трите главни белгиски синдикати денеска во Белгија се одржува еднодневен генерален штрајк против мерките на Владата за поврзани со работничките права и реформите во пензискиот систем.

Во повикот на „обединетиот синдикален фронт“ на Конфедерацијата на христијански синдикати (АЦВ/ЦСЦ), Генералната федерација на трудот на Белгија (АБВВ/ФГТБ) и Генералната конфедерација на либерални синдикати на Белгија (АЦЛВБ/ВГСЛБ), се наведува дека штрајкот се организира поради социо-економки барања и пред се за „квалитетни и сигурни работни места и фер пензии“.

Незадоволство на трите синдикати главно е насочено кон владините пензиски реформи за покачување на старосната граница за пензионирање, за продолжувањето на флексибилното работно време и за намалувањето на надоместоците за ноќен труд.

Во рамки на штрајкот предвидено е одржување на „национален марш“ во Брисел против владините мерки, на кој организаторите очекуваат да присуствуваат до 100.000 луѓе.

Протестниот марш ќе започне пред бриселската железничка станица „Север“, каде се предвидени обраќања на претставници на синдикатите и на невладини организации, по што демонстрантите преку централното градско подрачје на Брисел ќе се упатат до станицата „Југ“.

За да им овозможи на сите заинтересирани да учествуваат во протестниот марш, државната железници ќе воведе дополнителни 12 возови на линиите кон Брисел во утринските и од белгискиот главен град во попладневните часови.

Во исто време, редовниот железнички сообраќај ќе биде значително редуциран.

Поради штрајкот сериозно ќе биде нарушен јавниот превоз низ цела Белгија, при што се очекува да сообраќаат помалку од половина од автобусите и трамваите, поради што бриселското јавно сообраќајно претпријатие апелираше до граѓаните да планираат „алтернативен превоз“.

Откажани се сите полетувања од бриселските аеродроми Зевентем и Шарлероа предвидени за денеска, а аеродромот во Лиеж ќе биде целосно затворен за сообраќај.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article