До 28 септември, во Србија се регистрирани 61 случај на западнонилска треска, објави Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Најмногу случаи се регистрирани во Белград – 23 и Јужнобачкиот округ – 11.
Меѓу пациентите доминираат мажи – 66 проценти, а просечната возраст на пациентите е 67 години.