Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 лица додека доаѓал на настан во покраината Канар, и врз него биле фрлани камења, а пронајдени се и траги од оштетувања од куршуми, изјави денеска министерката за животна средина и енергетика на земјата, Инес Манзано.
Конфедерацијата на домородните народи на Еквадор (CONAIE) започна штрајк пред 16 дена, организирајќи маршеви и блокади на патиштата во знак на протест против одлуката на владата да ги укине субвенциите за дизел гориво.
Претседателот не е повреден (по инцидентот со камењата, додека 5 лица се уапсени), додаде министерката, која официјално поднесе извештај за обидот за атентат врз претседателот Нобоа.
– Пукање врз автомобилот на претседателот, фрлање камења, уништување државен имот – тоа е едноставно криминално. Нема да го дозволиме тоа – рече Манзано.
Видео од автомобилот, објавено од Канцеларијата на претседателот, покажува луѓе покрај патот како фрлаат камења и скршено стакло кон прозорецот на автомобилот.
Конфедерацијата на домородните народи на Еквадор (CONAIE) објави дека полицијата и војската ги нападнале луѓето што се собрале за доаѓањето на претседателот, а меѓу нив имало и постари жени.
„Најмалку петмина од нас се произволно уапсени“, пишуваше во нивниот пост на платформата Икс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
