Background

Австрија следната година планира да им забрани на девојчињата под 14 години да носат шамии во училиштата

Австрија следната година планира да им забрани на девојчињата под 14 години да носат шамии во училиштата, најави денеска министерката за интеграција Клаудија Плаколм.

Предлог-законот, кој наскоро треба да се дебатира во Парламентот, ќе се применува од учебната 2026/2027 година, изјави министерката, која е членка на централно-десничарската Австриска народна партија (ОВП).

Плаколм истакна дека носењето шамија не е верски ритуал, туку ги учи девојчињата да „развијат чувства на срам“, што доведува до „нарушена слика за телото“ и „нестабилна самодоверба“.

- Advertisement -
Ad image

Највисокиот суд во Австрија во 2019 година го отфрли претходниот обид на влада предводена од ОВП да воведе ваква забрана. Меѓутоа, членовите на актуелната влада, коалиција меѓу ОВП, Социјалдемократската партија на Австрија и либералната партија НЕОС, се уверени дека овој пат забраната ќе биде поддржана, истакнувајќи дека бројот на муслимански девојчиња под 14 години во австриските училишта оттогаш е зголемен од 3.000 на 12.000.

Предлог-законот предвидува дека доколку девојчињата носат шамија на училиште и покрај забраната, наставниците прво треба да разговараат со нивните родители, кои во случај на повторени прекршувања се соочуваат со парична казна до 800 евра.

Исламската заедница во Австрија ги критикуваше плановите, обвинувајќи ја коалицијата дека се грижи за политички поени наместо за добросостојбата на децата.

„Целта е да се профитира од антиисламското расположение“, се вели во соопштение на заедницата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation