Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани.
Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство. Тој, според информациите, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот, а тогаш го загубил животот. Последен пат бил виден кога влегол повторно во објектот за да помогне на луѓе кои се внатре.
Исто така, музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК, загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија.
Во несреќата загинале тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица, а според најновите информации, загина и фотографот на групата ДНК.
Факултетот за музичка уметност ја потврди и смртта на професорката Сара Пројковска, која загина во пожарот што избувна ноќеска во дискототеката „Пулс“ во Кочани.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖