Background

Андоновски вели дека се работи на заедничка декларација тоа да стане реалност

Дигитализацијата, интероперабилноста, сајбер безбедноста, поврзување на институциите, како и предизвиците на новото време, од вештачката интелигенција до учеството на бизнис секторот и академската задница се темите на кои денеска ќе разговараат учесниците на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, регионален настан кој ги обединува носителите на дигиталната трансформација од Западен Балкан, ЕУ и пошироко, а кој се одржува во Скопје.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска пред почетокот на Самитот истакна дека на едно место во Скопје се собрани претставници на државите, економиите од целиот Западен Балкан, експерти, претставници на дипломатскиот кор, на бизнис заедницата на целиот регион и изрази надеж дека овој настан ќе ја зајакне поврзаноста меѓу државите.

– Се надевам дека овој настан ќе биде платформа за поврзување на сите овие држави, не само можност за дискусија, туку заедно сите да постигнеме успех. Во таа насока поттикнати од Регионалниот совет за соработка (РСС) работевме на заедничка декларација која ќе повика кон ЕУ и сите наши соседи да ја овозможиме иницијатива роаминг како дома, да ги намалиме трошоците за дата, трошоците за телефонски разговори и СМС пораки на граѓаните од регионот на Западен Балкан кон цела Европа, исто онака како што успеа ова иницијатива да го направи тука на Балканот, истото тоа да го рашириме и во цела Европа – рече Андоновски.

- Advertisement -
Ad image

Тој се надева оти тоа ќе биде успешно прво како заедничка декларација, а потоа и заеднички сите држави од регионот да ги исполнат условите, кои се поставени од Европската комисија.

Генералниот секретар на РСС Амер Капетановиќ реле дека се преземени  повеќе чекори за граѓаните од регионот, како што е зоната на слободен роаминг на Западен Балкан, како и намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан.

– Сега одиме понатаму да се постави нулта тарифа со ЕУ, што е голем исчекор во фазната интеграција со пазарот на ЕУ-  рече Капетановиќ и додаде дека крајната цел е поврзување на регионот со дигиталниот пазар на ЕУ.

Тој најви дека по овој Самит, следува Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, на кој, како што напомена, ќе се усвојат важни документи и акциски планови, кои меѓу останатото се однесуваат на дигиталниот пазар на Западен Балкан, односно интеграција на дигиталниот пазар на регионот со тој на ЕУ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation