Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска за време на посетата на најголемата американска воена база на Блискиот Исток, која се наоѓа во Катар, изјави дека негов приоритет е „прекин на конфликтите, а не нивно започнување“.
– Како претседател, мој приоритет е да се завршат конфликтите, а не нивно започнување. Но, нема да се двоумам да распоредам американски сили доколку е потребно за да ги заштитам САД и нашите партнери – рече тој пред американските сили во Катар, една од земјите кои ги посети во рамки на неговата турнеја низ Блискиот Исток.
Трамп рече и дека непријателствата меѓу Индија и Пакистан се решени и ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.
– Двете страни се задоволни од развојот на настаните – додаде Трамп.