Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да се сретне во Белата куќа со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да се сретне во Белата куќа со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани.

– Комунистичкиот градоначалник на Њујорк, Зохран „Кваме“ Мамдани, побара средба. Се согласив средбата да се одржи во Овалната соба в петок, 21 ноември. Ќе следат понатамошни детали, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).

Тимот на Мамдани ја потврди средбата.

– Како што е вообичаено за новата градоначалничка администрација, новоизбраниот градоначалник планира да се сретне со претседателот во Вашингтон, за да разговара за јавната безбедност, економската сигурност и агендата за прифатливост за која гласаа над еден милион жители на Њујорк, пред само две недели – изјави портпаролката на Мамдани.

Мамдани (34), кој се опишува себеси како демократски социјалист, треба да стане првиот муслимански градоначалник на Њујорк и најмладата личност што ја извршува оваа функција од 19 век. Левичарскиот политичар победи на изборите за градоначалник на Њујорк на 4 ноември и ќе ја преземе функцијата на почетокот на годината.

– Мојот тим контактираше поради обврската што ја дадов кон жителите на Њујорк дека сум подготвен да се сретнам со секого, сè додека тоа е во корист на 8,5 милиони луѓе, кои го нарекуваат градот свој дом и нивната борба да си го дозволат најскапиот град во САД. Едноставно, сакам да му покажам на претседателот што значи всушност да се залагаш за жителите на Њујорк – наведе Мамдани.

Share This Article