Background

Американскиот претседател Доналд Трамп им понуди, како што ја опиша, „најексклузивната покана во светот“ на приватна вечера со него лично на 220-те најголеми инвеститори во неговата криптовалута $TRUMP

Американскиот претседател Доналд Трамп им понуди, како што ја опиша, „најексклузивната покана во светот“ на приватна вечера со него лично на 220-те најголеми инвеститори во неговата криптовалута $TRUMP.

„Вечера со претседателот Трамп и заедницата $TRUMP! Покажете му на претседателот колку $TRUMP монети поседувате“, се вели во поканата.

Вечерата ќе се одржи во неговиот ексклузивен голф клуб во Вирџинија и ќе вклучува обиколка на Белата куќа.

- Advertisement -
Ad image

Понудата, објавена преку промотивна веб-страница, предизвика експлозивен пораст на вредноста на таканаречената криптовалута „memecoin“ $TRUMP, која Трамп ја лансираше пред неговата инаугурација.

Само неколку часа по објавата, вредноста на валутата се зголеми за повеќе од 60%, што сугерира дека инвеститорите почнале масовно да купуваат за да го обезбедат своето место на вечерата.
Трамп отворено почна да ги поддржува криптовалутите за време на неговата претседателска кампања минатата година.

Неговата лична вклученост во промоцијата на криптовалутите беше дополнително поттикната од назначувањето на регулатори кои се залагаат за олабавување на надзорот врз пазарот на криптовалути, како и од повиците на Трамп за донесување закон што би ја зајакнал позицијата на индустријата во САД.

Медиумската група на Трамп оваа недела, исто така, објави планови за лансирање на фондови со кои се тргува на берза (ETF).

Trump Media & Technology Group, во соработка со партнери, ќе лансира производи што вклучуваат дигитални средства и активности насочени кон „направено во Америка“.

ETF се фондови што содржат различни видови средства и се тргуваат како акции.

Иницијатива, меѓутоа се проблематизира, бидејќи претставува директна врска помеѓу финансиските инвестиции во приватната криптовалута на претседателот и пристапот до владините институции.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation