Амбасадата на Русија во Израел им советуваше на руските граѓани да ја напуштат земјата додека не се нормализира ситуацијата, бидејќи заканата по нивните животи и здравје во сегашните услови „во никој случај не е краткорочна“, изјави амбасадорот Анатолиј Викторов.
– Ситуацијата е напната, морам искрено да признаам. А заканата по животите и здравјето и на дипломатите и на руските граѓани кои се во Израел во никој случај не е краткорочна. Амбасадата им препорачува на сите руски граѓани кои се во Израел да ја напуштат земјата додека не се нормализира ситуацијата тука – изјави Викторов за телевизијата „Росија-24“.
Амбасадата на Швајцарија во Иран, која ги застапува американските интереси од 1979 година, вчера соопшти дека ќе остане привремено затворена до понатамошно известување поради тековниот конфликт во регионот.