Претседателот на Левица – Димитар Апасиев денеска на прес-конференција пред Музеј на Град Скопје го соопшти името на кандидатот за градоначалник за Град Скопје од неговата партија. Тоа е Амар Мециновиќ досегашниот пратеник и портпарол на партијата.
Амар Мециновиќ е политиколог и активист за социјална правда. Член на Президиум на Левица како највисоко раководно тело и портпарол, одговорен за комуникација со јавноста преку медиумите.
Од почетокот на 2022 година – избран претставник на народот како член на Советот на Град Скопје.