Background

Аеродромите на територијата на поранешна Југославија заедно опслужија повеќе од 5,4 милиони патници во првиот квартал од 2025 година

Аеродромите на територијата на поранешна Југославија заедно опслужија повеќе од 5,4 милиони патници во првиот квартал од 2025 година. Според достапните податоци, вкупно се евидентирани 5.428.484 патници. Само во март 1.931.234 патници поминале низ регионалните аеродроми, пишува ExYuAviationNews.

Скопскиот аеродром во првиот квартал, според податоците, опслужи 595.546 патници и го зазеде 123 место и е веднаш зад Познањ, Корк и Сантијаго де Компостела, но пред Салцбург, Инсбрук и Пафос. Охридскиот аеродром, пак,  опслужи 36.361 патник во првите три месеци од годинава и е на 268 место.

Аеродромите во Белград и Приштина се единствените аеродроми од регионот кои се на листата на 100 најпрометни европски аеродроми во првиот квартал. Белград се позиционира на 67 место и е зад Софија, Малта и Фуертевентура, а пред Тенерифе, Келн и Палермо. Приштинскиот аеродром е  94 место и е рангиран зад Гетеборг, Луксембург и Тбилиси, но пред Пиза, Трондхајм и аеродромот Чампино во Рим.

- Advertisement -
Ad image

Загребскиот аеродром  се позиционираше како 103-ти најпрометен аеродром, зад Вилнус, Ставангер и Тромсо, но пред Вроцлав, Каљари и Лондон Сити.

Аеродромот во Сараево е на 144-то место и е зад Каунас, Монпелје и Бремен, но ги надмина Лајпциг, Лил и Ла Коруња.

Подгорица во првиот квартал ја престигна Љубљана, иако двата аеродрома забележаа пад на годишно ниво. Главната причина за намалувањето на патничкиот сообраќај во главниот град на Црна Гора, кој изнесуваше 4,9%, е намалувањето на операциите на Рајанер, кој ги суспендираше сите линии освен една во текот на зимската сезона. Ова го намали капацитетот на компанијата за повеќе од 50% во март.

Ниш и Охрид продолжија да бележат поскромни бројки, првенствено поради намалувањето на капацитетот од страна на Визер, додека аеродромот Морава во близина на Краљево забележа двоцифрен раст, удвојувајќи го бројот на патници во споредба со минатата година.

На европско ниво, Лондонски  Хитроу беше најпрометниот аеродром во првиот квартал од 2025 година со 18.258.402 патници, додека аеродромот во Истанбул го освои второто место со 17.973.085 патници. По него следуваат Парискиот аеродром  Шарл де Гол (15,9 милиони), Мадрид (15,5 милиони), Амстердам (14,8 милиони), Франкфурт (12,4 милиони), Барселона (11,8 милиони), Истанбул Сабиха Гокчен (10,3 милиони), Рим Фјумичино (10,2 милиони) и Лондон Гетвик (8,4 милиони).

Иако сообраќајот генерално се опоравува, четири аеродроми во првите 10 во Европа сè уште не ги достигнаа нивоата од 2019 година: Париз CDG (-3,5%), Амстердам (-4,3%), Франкфурт (-16,1%) и Лондон Гетвик (-12,8%).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation