Background

Адвокатот Дукоски жестоко распали по обвинителот Коцевски

Ти не си компетентен да бидеш прв обвинител во државата, му се обрати јавно адвокатот Сашко Дукоски на државниот обвинител Љупчо Коцевски, а во врска со реакцијата на Јавното обвинителство до Адокатската комора поради изјавите на адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска.

„Ова е најлошиот, односно, најнепрофесионалниот републички обвинител во историјата на оваа тажна земја! Љупчо Коцевски! Лејдис енд џентлмен! Тврдам! Не сум ангажиран во предметот за Кочани така да, немам било што лично! Реагирам како еснаф, бидејќи сум повеќе од длабоко уверен дека нашата еснафска организација, Адвокатската комора на Македонија, ќе реагира ултрамлако или воопшто нема да реагира на нападите кон еден адвокат-бранител и други бранители во предметот Кочани!“, пишува Дукоски на Фејсбук.

Сетете се само, ддава тој, на предметот 27-ми април кога нè казни „истакнатиот правник“ Кацарска и како реагираше нашиот еснаф – а треба, но за тоа во друга прилика!

- Advertisement -
Ad image

„Да тресеш глупости и да бараш бранител да не реагира на нешто што смета дека е, и е, негова должност, во врска со клиентот и постапката е едноставно ПРАВНО НЕПИСМЕНО! Неколку пати излегуваше со правни небулози во врска со предметот Кочани, изнесуваше „детали“ од истрагата и постапката и тогаш беше сè океј, а? Сега ти смета кога бранител, адвокат ќе реагира законски за својот клиент и целата постапка, нели? Па ќе реагираш со некави глупави барања и слично до Адвокатската комора! Па еве, да прашам: Си слушнал некогаш за уставно загарантираното право на став и мислење, стручен став и мислење, особено во оваа фаза на постапката, по обвинение стапено на правна сила? Не си слушнал, тврдам! Си слушнал некогаш што е функцијата на бранител во постапката, иако си бил адвокат, м? Си слушнал дека обвинителството на кое ти си прв човек  многу лошо) е само една од странките во постапката и ништо повеќе, м? Сигурно не! Си слушнал за право на искажување на свој професионален став и стручно мислење, м, или секогаш си мислиш дека вие како обвинители сте нешто повеќе од обични странки во постапката, мислам , како што сте си навикнати до сега и ти со ова тоа се обидуваш повторно да го промовираш? Срам да ти е како правник, голема срамота“, пишува адвокатот Дукоски.

Мислиш ли дека само со подигање на обвинение си ја завршил работата како странка во постапката, иако ти ниедно дејствие не си превземал, туку имаше тим од обвинители и секогаш истапуваше и читаше само како неписмен портпарол читајќи подготвени соопштенија, додава Дукоски во своето обраќање до Коцевски.

„До кога мислиш да ја толерираш праксата да ако бранителите бараат присаство на сослушување на некој важен сведок или вештачење во истрагата, тоа да го игнорираш, а тука ќе пишуваш глупи соопштенија и барања? Дали во животот си напишал обвинение и си застапувал твое напишано обвинение пред суд, м? Никој од адвокатите ниту ти се плаши, ниту имаш какво било право да пишуваш вакви глупости, какви пишуваш до Адвокатската комора. Кога сакаш, приватно или јавно може да продискутираме за ова, но ти, никогаш тоа нема да го направиш, затоа што немаш појма за што пишувам, правно! Ова е мое исклучиво професионално мислење за највисок јавен обвинител во земјава, функција која сега ја вршиш. Против тебе немам ништо лично како човек, но ТИ не може да си прв човек на обвинителство. Едноставно, не си компетентен за тоа“, вели Дукоски.

И на крај, уште две работи, додава тој.

„Мислиш ли нешто да направиш како прв човек на обвинителството за предметот за модуларната болница во Тетово, м, обвинителе? Многу ме интересира. Дали ќе продолжиш да изразуваш став, како изразуваш, негативен, за обвинетите од 27-ми април и за барањата за исправање на таа неправда? До кога ќе чекаш се полиција да ти даде на тацна, а ти со прст да не мрдаш…, м? Без почит“, напиша Дуковски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation