Background

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје денеска го одби предлогот на одбраната да се укине притворот на обвинетите д-р Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје денеска го одби предлогот на одбраната да се укине притворот на обвинетите д-р Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра.

- Advertisement -
Ad image

Во образложението за одбиениот предлог за укинување на мерката притвор судијката Славица Наумова-Јосифовска на денешното рочиште наведе дека не се измениле околностите во постапката, за да може да се применат поблаги мерки.

– Не се прифаќа предлогот на одбраната во оваа фаза од постапката да биде укината мерката притвор и да биде заменета со куќен притвор, со оглед дека нема променети околности што укажуваат дека истата цел поради која била определена мерката притвор може да се постигне и со поблага мерка. Сè  уште опстојуваат причините поради кои мерката притвор е определена, а потоа продолжена, дотолку повеќе што кривичниот совет на судот на секои 30 дена ја испитува потребата од продолжување на притворот – рече судијката.

Во врска со понудената имотна гаранција, судот појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од процесот.

– Во согласност со одредбата од член 154 од Законот за кривичната постапка, надлежноста за носење решение на гаранција по потврдување на обвинителниот акт е на советот од член 25 став 5 од ЗКП, па оттука, судечкиот совет нема овластување да носи решение за гаранција во текот на постапката. Меѓутоа странките не го губат правото ваков предлог повторно да изнесат пред судечкиот совет – дополни таа.

ЈО претходно се произнесе негативно на ова барање.

На денешното судење сведочеше претставник од Државниот завод за ревизија, кој на прашања од Обвинителството објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година и посочи на слабости и неусогласености со законските прописи.

Тој одговараше и на вкрстените прашања од одбраната и на прашањата на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи, кои се однесуваа на улогите, надлежностите и практиките во работењето на клиниката.

На прашањето од одбраната дали му е познато дека за лековите што се набавувале на реверс постоело барање за предвремена испорака, сведокот изјави:

– Не сме зазеле став во делот на комуникацијата помеѓу Клиниката и економските оператори во делот на овие барања за предвремена испорака.

Во однос на тоа дека во текот на 2021 година докторите одлучувале кои пациенти ќе примаат биолошка терапија, за што одобрение давал медицинскиот директор, прашан дали му е познато дека д-р Васев и Нухи ја наследиле праксата што важела долг временски период претходно, сведокот одговори дека го анализирале само периодот кога тие биле на функција.

Одговори позитивно на прашањата дали ги познава организациската структура на Клиниката и овластувањата на Управниот одбор. Прашан дали му е познато дека Управниот одбор ги донесувал завршната сметка и другите финансиски извештаи, одговори дека „завршната сметка е доставена и потпишана од страна на директорите на Клиниката“.

– Од она што нам ни е познато во 2021 година, Управниот одбор на Клиниката ги усвојува финансиските извештаи за работењето на Клиниката, кои на УО му се доставени од страна на директорите на Клиниката. Завршната сметка на Клиниката до Државниот завод за ревизија како законска обврска е доставена и потпишана од страна на директорите на Клиниката – рече сведокот.

За јавните набавки рече дека ДЗР го ревидирал „целокупниот процес“ и дека „немаме забелешки за годишниот план за јавни набавки, не сме напишале наод и не сме дале препорака“.

Кога му беше посочено дека ДЗР во извештајот не навел конкретен закон што ја забранува набавката на лекови на реверс, тој објасни:– Во согласност со Законот за јавните набавки, без да биде спроведена постапка, забранета е набавка на какви било стоки, работи или услуги.

Кога беше прашан дали му е познато дека практиката да се набавуваат лекови на овој начин била одамна воспоставена, и дека ДЗР веќе има препорака по однос на ова, сведокот рече:

– Таа препорака и во моментот на вршењето на ревизијата не беше спроведена.

Д-р Васев го праша сведокот дали му е познато дека „при смалување на количина на лекот, кога ќе дојде на нула ние не можеме да ја користиме законската можност за 20 проценти зголемување на количината на лекот, бидејќи ние не сме ја направиле набавката, туку МЗ“.

Сведокот одговори дека „20 проценти регулирани со Законот за јавни набавки, член 119 кој ги регулира измените и дополнувањата на договорите“ на што Васев дополни дека тие не можеле да ја користат таа можност, бидејќи тие не го распишувале тендерот, туку МЗ.

Во делот за медицинските протоколи, Васев праша дали е познато дека само докторите одлучуваат на кој пациент му следува биолошка терапија, сведокот одговори:

– Познато ни е, токму тоа е наведено во извештајот – доктор одлучува, директор одобрува.

Во однос на тоа дека не се донесени медицински протоколи и дека тие не зависат од Клиниката за онкологија, туку од Министерството за здравство, и дека работат во 11 посебни единици на Онкологија со свои шефови на оддел каде што има и професори и доценти кои што, како што рече Васев „сигурно јас нема да се мешам како и на кого ќе даваат тие терапија“, сведокот одговори:

– Никаде во извештајот немаме наведено дека медицинскиот директор се мешал во медицинските одлуки.

Кога Васев праша за зголемениот буџет за 2023 година, сведокот појасни дека ДЗР го земал предвид тоа дека „во соработка со Фондот е обезбеден повисок износ на одобрен условен надоместок, со кој се очекува намалување на преземените обврски, како и набавка на биолошка терапија во поголеми количини“.

Обвинетиот Нехат Нухи праша дали Министерството реализирало набавка без согласност од Фондот, но Обвинителството стави приговор за претпоставка и прашањето не беше дозволено.

Нухи побара информација дали ДЗР констатирал поднесени барања за зголемување на условениот надоместок, а сведокот објасни:

– Од страна на Клиниката во 2021 година до Фондот се доставени барања во два наврати и тоа во први месец 2021 година доставено е барање на износ од 1 милијарда 503 милиони и 408 илјади денари и во месец јули 2021 година, во износ од 797.568.000 денари. Фондот по разгледување на барањата одобрил буџет за условен надоместок во износ од 481.589.илјади денари, ова е истакнато како фактичка состојба и не сме се произнеле ниту сме можеле да знаеме зошто Фондот не ги одобрил барањата на клиниката во целост.

На крајот, на дополнително прашање од Обвинителството, сведокот сумираше дека „ДЗР има изразено неповолно мислење по однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива“.

Судењето продолжува на 3 март со сослушување на сведоци на предлог на Обвинителството.

Во случајот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран.

Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation