Background

Побитно од црното злато е да се отсече руското влијание?

Нафтата не е причината поради која Вашингтон ѕвечка со оружје на портите Венецуела. Додека теориите за „американски лов на црно злато“ повторно се шират, списанието „Форејн Полиси“ во својата анализа од 2 декември вели дека вистинските мотиви на администрацијата на Доналд Трамп се далеку подлабоки — геополитички, идеолошки и стратегиски, не економски.

„Постојат многу причини зошто САД се фиксирани кон промена на режимот во Каракас, но нафтата не е меѓу нив,“ наведува анализата. Според неа, приказната за нафтените резерви во Венецуела, колку и да звучи убедливо, е повеќе мит отколку план.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро неодамна призна дека имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор со Доналд Трамп, повикувајќи на „дипломатија наместо агресија“.

- Advertisement -
Ad image

Трамп претходно изјави дека разговорот со Мадуро бил ниту добар ниту лош, туку „само разговор“.

Загадена нафта, скапа игра

Венецуелската нафта, особено онаа од Појасот Ориноко, е „тешка“ и загадена со сулфур. За да се преработи, потребни се скапи технологии и години на вложувања. Токму затоа, се вели во анализата, ниту еден американски енергетски гигант денес не гледа брз профит во венецуелската нафта.

„Има многу гласини и меми за тоа дека Трамп сака нафта,“ пишува списанието, „но тоа едноставно не држи вода. Суровата нафта не е мотив.“

Моќ наместо барели, потиснување на Русија и Кина

„Форејн Полиси“ заклучува дека вистинската оска на американската стратегија е политичка моќ и влијание во регионот. Промената на режимот на Николас Мадуро би имала повеќе симболична отколку економска тежина. Таа би значела обновување на американското влијание во Латинска Америка и потиснување на руското и на кинеското присуство.

Официјално, Вашингтон ја оправдува својата политика со „борба против трговијата со дрога и корупцијата“. Но, дали зад тој наратив стои поширока стратегија: обнова на Доктрината Монро во современа форма?

Америка повторно сака да ја контролира својата „задна градина“. САД не исклучуваат копнена инвазија во Венецуела. Од другата страна на Карибите Мадуро маневрира со воени вежби, додека неговите генерали беа снимени како реално се подготвуваат за најлошото можно сценарио – американска инвазија.

Опцијата Д, сенка што сè уште лебди?

Кога во август 2017 година Доналд Трамп за првпат рече дека „САД не ја исклучуваат воената опција“ кон Венецуела, аналитичарите ја нарекоа таа стратегија „Опција Д“. Тогаш станувало збор за хипотетичен план што би предвидел ограничена интервенција — само како притисок, не како окупација.

Планот никогаш не бил официјализиран, но останал како психолошки инструмент во арсеналот на Вашингтон. Од тогаш, секојпат кога Каракас се соочува со нов бран санкции, медиумите повторно ја оживуваат „Опцијата Д“ како симбол на можен воен одговор што никој навистина не сака да го види.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation