Што велат невролозите за влијанието на подгрбавеното тело врз концентрацијата

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Секој од нас понекогаш се фаќа себеси како седи подгрбавено, со глава наведната над телефонот или компјутерот. Но, физиотерапевтите и невролозите предупредуваат дека оваа на прв поглед безопасна навика може да има изненадувачки последици за мозокот и концентрацијата.

Популарната фраза што кружи на социјалните мрежи – „кога телото се наведнува, умот се повлекува“ – можеби е поедноставена, но зад себе има научна логика.

Истражувањата покажуваат дека долготрајното наведнување на главата и подгрбавеното држење можат умерено да влијаат на протокот на крв кон мозокот. Ова не значи дека секое наведнување ја „пресекува“ циркулацијата, но студии објавени во научни списанија укажуваат дека држењето на главата надолу може да го намали внесот на кислород и да ја забави циркулацијата во вратниот дел. Со други зборови, телото станува помалку ефикасно во снабдувањето со кислород кога сме згрбавени пред екранот.

Покрај тоа, подгрбавената положба го „стиска“ горниот дел од градниот кош и го намалува капацитетот на белите дробови. Така дишеме поплитко и внесуваме помалку кислород, што е директно поврзано со намалена будност. Ова е добро документрано во медицинската литература: лошото држење може да ја намали белодробната функција од 5 до 30 проценти, зависно од положбата и времето поминато во неа.

Невролозите објаснуваат дека мозокот многу чувствително реагира и кога не добива идеално количество кислород, концентрацијата паѓа, мислите стануваат поспори, а се зголемува чувството на умор и ментална магла. Токму затоа многу луѓе чувствуваат дека „им се спие“ додека работат подгрбавено – тоа не е само субјективно чувство, туку физиолошка реакција.

Студија во Health Psychology покажа дека исправено држење ги подобрува вниманието, меморијата и расположението, додека наведнатото држење има спротивен ефект. Затоа, стручњаците препорачуваат редовни паузи, исправување на грбот и подигнување на екранот на висина на очи. Малите корекции во држењето не само што ја намалуваат напнатоста во вратот, туку го „будат“ мозокот и ја подобруваат работната ефикасност.

На крајот, реченицата „кога телото се наведнува, умот се повлекува“ можеби не е буквална, но е добар начин да се запамети суштината: нашето држење и нашиот мозок работат заедно. Исправениот грб не е само прашање на став и убавина, туку и на подобра концентрација, поголема будност и подобро здравје.

Share This Article