Лисицата и грозјето на правдата

Saso
By Saso
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во една далечна земја, каде шумите биле густи од европски тигри (четвртото место!), а реките течеле со странски инвестиции (третото место!), живееле многу животни кои се гордееле со својата туристичка убавина (третото место!).

Еден ден, Лисицата (која секогаш знаеше кој кого следи) се прошета низ шумата и видела високо на дрвото прекрасно грозје наречено “Правда”. Грозјето висело многу високо, охранувано од чудни птици наречени Судии и Обвинители, кои пееле песни научени во некаква мистериозна Академија.

“Ах, тоа грозје ми треба!” рекла Лисицата. “Но чекај… зар тие птици не се обучувани од стариот Був Михајло, а тој не бил под крилото на Еленот Венко?”

Лисицата скокнала, но не можела да го достигне грозјето. Птиците пееле уште погласно, а од нивните песни се слушаше: “Тефтерче, тефтерче, само по тефтерче!”

Тогаш дојде Волкот ДПМНЕ, силен и моќен, со големи заби и канџи од шумските архиви каде се чуваат сите тајни на птиците.

“Зошто не го земеш грозјето?” прашала Лисицата. “Имаш сила, имаш знаење за сите пороци на тие птици!”

Волкот ги покажал своите заби, но потоа замислено ја почешкал главата: “Ах, знам јас каква е таа правда.. Но врана на врана очи не вади. Можеби ќе ми требаат тие птици кога-тогаш.”

“Но две години си тука, имаше и техничка влада!” инсистирала Лисицата. “Зошто твоите добермани од МВР не ги растераат птиците?”

“Планирам, планирам,” одговорил Волкот. “Прво ќе чекам избори, па ќе отвориме тема за птиците, потоа за пчелите-извршители, за мравките-нотари… Сè по ред.”

- Advertisement -
Ad image

“А зошто не поднесеш предлог да се урне Академијата?” прашала Лисицата.

“Е па… тешко е тоа,” замумлал Волкот. “Освен тоа, кадрите од Панче велат дека се подготвуваат големи реформи… кога ќе дојде времето.”

И така, додека Лисицата и Волкот расправале, грозјето на правдата си висело високо, птиците си пееле своите академски песни, а народот гледал од далеку и се прашувал зошто никој не донесе одлука да го собори тоа проклето дрво или барем да фрли камен кон птиците.

- Advertisement -
Ad image

Најпосле, еден мал Зајак од народот викна: “Еј, а зошто воопшто не пробате?”

И Лисицата и Волкот се погледаа и рекоа во исто време: “Кога грозјето е високо, грозјето е кисело!” – како што велат во Велгошти.

Морал: “Кога грозјето е високо, грозјето е кисело” – велат во Велгошти. Но понекогаш и кога е ниско, пак наоѓаме причина зошто да не го береме, особено ако не сме сигурни дали нашите пријатели-врани нема да се налутат.

Напомена: Секоја сличност со вистински лица, партии и настани е случајна и дело на авторската богата фантазија, која се храни исклучиво со кисело грозје.

Сашо Денесовски

Share This Article